Приведени момчињата што брутално тепаат девојка во Штип

“Те молам, пушти ме!!”…во солзи,  девојка  моли  насилници да престанат со крвничкото тепање.  Во видео клипот кој од утринава молскавично се споделува на социјаните мрежи  се гледа како  тие бруталното ја тепаат, поради тоа  што рекла дека забременила со еден од нив. Јасно се слушат и охрабрувачки тонови за дополнително тепање

Се гледа дека  без трошка совест , крвнички,  насилниците девојката ја тепаат сред бел ден, во влез во зграда.  Нема информации пред колку време  се сличило насилството и како видеото се најде на социјалните мрежи.

Полицијата информираше. Насилниците се веќе приведени.

Преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицата и истите се лишени од слобода. Според информациите од полициската станица во Штип , станува збор за лицат  со иницијали С.А. и П.Р.-објави на својот ФБ профил техничкиот министер Наќе Чулев.

Во случајот кој ја згрози јавноста  со свој тим е вклучен и штипскиот Центар за социјална работи. На жртвата и е понудено психо-социјална поддршка, а од разговорот со девојката ќе се  утврдуи дали има елементи на семејно насилство.

 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста