Приведена уште една скопска дадилка, и таа тепала близначиња

Скопската полиција информираше дека регистрирала уште еден случај на насилство врз деца извршено од дадилка, информираше МВР.

-На 27.11.2019 во 12.50 часот во Полициската станица Центар Н.С.(33) од Скопје, пријавила дека нејзините деца близнаци во нејзиниот дом на ул.„Загрепска“ биле физички и психички малтретирани од А.К.(55), која била ангажирана како нивна дадилка. А.К. е приведена, а за случајот е известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Јавноста минатата недела беше потресена од видеото од кое се гледаше како скопјанката Ж.П.(59), дадилка на три деца,  во игротеката „Дежа Ву“ го тепа детето кое го чува. И таа е во притвор.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста