Приведен гостиварец за издржување казна затвор од три ипол години

На 08.10.2020 во 21.00 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и други простори кај лицето Б.Р.(38) од Гостивар и го привеле за издржување казна затвор од три години и шест месеци во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супастанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста