Приведен гостиварец поради фалсификување на пари

На 15.09.2020 околу 10.40 часот, полициски службеници на СВР Tетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода А.С.(54) од гостиварско Чегране, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „фалсификување пари“.

Toj, во три наврати во аптека и два маркета, пуштил во оптек фалсификувани банкноти од 50 евра. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против А.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста