Приведен 24 годишен маж кој е осомничен за убиство на својот татко

Ова е крвавата патека по која се движел 55 годишниот маж кој вчера го загуби својот живот пред самиот влез во Клиниката Мајка Тереза. Семејната расправија се претворила во семејна трагедија, во која, според информациите од полицијата син со нож го прободел својот татко.

Мажот одејќи пеш до болницата за да добие помош од докторите, со крвави траги го обележа патот по кој одел, патеката по која се движел сега починатиот скопјанец завршува на неколку метри по главниот влез на Клиниката. Причина за смртта најверојатно е губењето на крв и длабочината на убодната рана, но сепак конечните информации ќе бидат познати откако најверојатно ќе биде извршена обдукција на телото на починатиот.

Полицијата брзо реагирала и осомничениот кој се товари дека го прободел неколку пати 55 годишниот човек е приведен, соопштуваат од министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(24), бидејќи околу 23.15 часот на ул. „Бигла“ во Скопје, при семејна расправија, со нож му нанел повеќе убодни рани на својот татко С.А.(55), од кои тој починал. По документирање на случајот, против Д.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Ножот со кој е извршен нападот е обезбеден.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста