Приватните стоматолози и понатаму заборавени од државата, стравуваат од банкрот

И по девет месеци од почетокот на пандемијата, над 1.000 приватни стоматолошки тимови од земјава, продолжуваат мака да мачат за да опстанат во дејноста. Наоѓајќи се на првата борбена линија од примарната здравствена заштита и изложени на огромен здравствен ризик, со неколкукратно зголемени расходи и многу повеќе намалени приходи и без никаква помош од државата, стравуваат од скоро затворање, па и од банкрот на своите ординации.

    „Бројот на пациенти е намален, стравот од идење во стоматолошки ординации е зголемен, а ние повеќекратно, значи мораме да почитуваме протоколи. Тие протоколи бараат соодветна опрема, бараат ракавици, заштитни маски, визири, заштитна опрема, дезинфекција на инструментариум..тоа дополнително ја тенчи и вака лошата финансиската состојба во ПЗУ. Тоа значи, ако вака продолжи, голем дел на ПЗУ, ќе банкротираат, ќе дојде до нивно затворање“, – дециден е д-р Жарко Ѓорѓиев, претседетел на Здружението на приватни стоматолози.

      Наспроти ова, тие се жалат дека преговорите со МЗ биле закочени со месеци, заради што тие се закнуваат со он-лајн протест, кој под мотото „Стоматологијата на респиратор“ треба да се одржи в четврток.

    „Ние сме во постојан протест. Значи, протестот ни е нас во душата и во срцето…Здравјето и животот на нашите колеги се постојано загрозени и ние од нашата професија до крај сме организирани оти сме заборавени од соодветните институции…Овој протест е симболика за осакатената стоматологија , меѓутоа и почеток на борбата за нејзино зацелување“ – објаснува д-р Жарко Ѓорѓиев.

     Инаку, ова не е прв пат ова Здружение јавно да реагира за неажурноста на државата. Уште пред пандемијата тие изготвија плаформа со која бараа измена на моделот на финасирање, а додека во април, годинава пак, побараа донација во висина од 200.000 евра од Стоматолошката комора на Македониј. Но, досега, освен ветувањата, ништо друго не добиле од никого. 

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста