Приватен стационар за решавање на проблемот со кучињата скитници во Штип

Со згрижување во приватен стационар, Општина Штип ќе го решава проблемот со кучињата скитници во градот. Откако беше утврдено дека досегашниот, не ги задоволува условите, поради тоа што нема водоводен систем Локалната самоуправа го раскина договорот со досегашниот оператор задолжен за нивно заловување и згрижување

„Во следните неколку денови ќе распишеме повик за склучување на договор со нов оператор. Договорот ќе вклучува можност за вдомување на кучињата со приватен стационар. Стационарот којшто беше изграден со општински пари нема да може да биде ставен во функција заради немањето на водоводна линија во тој дел на градот“, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Во меѓувреме бездомните кучиња станаа сериозен проблем, не само во Штип туку и во околните градови. Хуман пристап кон кучињата ќе биде и една од идните задачи на кои новите градоначалници во регионот ќе треба да најдат итно решение.

„Кучињата скитници се долгогодишен проблемна сите општини. Ние мораме да гарантираме заштита на населението но меѓувреме и хуман третман на кучињата скитници“, рече Јорданов.

Пред две и пол години со работа почна стационарот во Штип. Веднаш по неговопто отварање здружението за заштита на животните Анима Мунди остро реагираше дека лимените боксови во кои треба да бидат сместени животните се сосема неадекватни, а истовремено побараа раскинување и ревизија на сите договори кои општина Штип ги има склучено со операторот, ветеринарната станица во Штип.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста