Притвор за Нефи Усеини, полицијата го бара

Притвор за контроверзниот советник на ДУИ Нефи Усеини на предлог на Основното јавно Обвинителство, судија на претходна постапка при Основиот суд Охрид, му одреди мерка притвор во траење од 8 дена.

Иако според кривичната пријава, Нефи Усеини, но и неговиот брат се товарат за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“,за сега според матерјалните докази и исказите на сведоците, тие одговараат само за ‘’насилство’’- според правните експерти,станува збор за тешко кривични дело за кое следи казна затвор и до 5 години.

Што се однесува за второто кривично дело,” неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали Алфа дознава дека дополнително се испитува дали станувало збор за огнено оружје,кое според тврдењата на Спирико Топалоски, Усеини го употребил додека физички се пресметувале.

“Бевме договорени да влезиме во кола да разговораме насамо и јас само што тргнав со колата тој не знам зошто од која причина, почна да ме мава мене.Јас вратив, тој почна пиштолот да го вади.Среќа во несреќа што и јас не носев пиштол.И сум отишол на разговор не сум отишол на двобој, на битка.Најмногу мене ме боли тоа што се случи околу син ми,надвор пред хотелот каде што имаше надзор на камери,така да сите прашања и одговори носат кон камерите,па сега ќе видиме.” – вели Спирко Топалоски.

Мерката притвор на Усеини ми е изречена во отсуство бидејќи3 дена поинцидентот што се случи сред бел ден пред хотел во центарот на Охрид,Нефи Усеини и неговиот брат сеуште се недостапни за полицијата. Иако добро упатени извори сведочат дека советникот од ДУИ во текот на вчерашиот ден имал контакти со одредени лица токму во градот, полицијата го бара за да не го најде-се превземале,велат мерки за нивно пронаоѓање.

Во телефнскиот разговор вчера, Нефи Усеини не само што дематираше дека со кудак од пиштол го мавал Топалоски,туку тврдеше дека воопшто не носел пиштол и оти на Топалоски му поделил неколку тупаници затоа што го навредувал. 

Инаку за потсетување,ова не е прв инцидент на Усеини кој беше ставен на листа за пратеници на ДУИ во 5-та избпорна единица, за потоа во последен момент да биде повлечен.Лани тој  го натепа професорот Иљас Иљази, со тупаници го докусури советникот Џемал Мена,а не ги поштеди ниту градежните инспектори кои вршеа увид на дивоградбата во центарот на градот.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста