Притисоците врз ТВ Алфа во најновиот извештај на Стејт Департментот

Притисокот што власта го прави врз Телевизија Алфа се најде во најновиот извештај на американскиот Стејт департмент посветен на Македонија.

Во делот посветен на слободата на медиумите се наведува дека во 2021-та, годината на која се однесува извештајот, „Скопското јавно обвинителство поднесе обвинение за даночно затајување против компанија која наводно е сопственик на ТВ Алфа… данок на приходи од 2013/2014 година“ се наведува во извештајот во кој во продолжение стои и дека ТВ Алфа се жали на притисоци од финансиската полиција, како и од Министерството за внатрешни, на Јавното обвинителство за организиран криминал.

Инаку Алфа веќе подолг период се соочува со суптилни и не толку суптилни притисоци. Телевизијата често е домаќин на различни инспектори, истражители, обвинители. И покрај сите проверки и чешлања на документацијата со години, досега не успеаја да најдат ништо неправилно и незаконско во работењето на телевизијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста