Пристигна и вториот брод со бегалци и мигранти од Лезбос во Солун

Според Министерството за цивилна заштита на Грција, 1000 лица ќе бидат сместени во веќе посотечкиот прифатен центар Неа Кавала кај градот Килкис (Кукуш) на околу 15 километри од границата со Северна Македонија, а останатите ќе мигранти и бегалци ќе бидат распределени во други центри низ северна Грција.

-Сместувањето на бегалците и мигрантите во центарот Неа Кавала е привремено и пред крајот на месецот ќе бидат префрлени во нов центар, чија изградба се завршува, соопштуваат од надлежното министерство.

Во текот на вчерашниот ден пристигна првата група, од над 600 бегалци и мигранти со првиот брод од Лезбос за Солун, а со 21 автобус беа пренесени во прифатниот центар, а утрово, стигна и вториот брод со над 800 лица.

Префрлањето од пристаништето во Солун во прифатните центри, се врши во соработка со Меѓународната организација за миграција и за време на патувањето, обезбедена е поддршка за бегалците и мигрантите.

Пренесувањето на бегалци и мигранти од островите во други центри е една од седумте мерки што во саботата беа донесени на вонредниот состанок на владиниот совет за надворешна политика и одбрана на Грција одржан во премиерската палата.