Пристаништето во Св. Наум се распаѓа, бродарите бараат итна санација, од транспорт се правдаат со кризата

Длабоки пукнатини, искршени камени блокови, дупки кои зјаат-разочарувачки очајна слика на пристаништето во Свети Наум. Руинирано и во крајно незавидна состојба е ова пристаниште во манастирскиот комплекс кој е најпосетувана дестинација во Охрид. Поради тоа, сопствениците на пловни објекти бараат да се изврши негова итна санација. Не можеме велат со пловилата да пристанеме каде што ќе ни текне, бидејќи е ризично и многу опасно.

Безбедноста сигурно е загрозена и потребно е реновирање малку со пософистицирани матерјали кои што можат да примат бродови, затоа што сепак се работи за патници кои што ги превезуваме од тука до Свети Наум. Нема ни простор, не само што не е безбедно за патниците кои ги превезуваме, туку не и за пливачите што пливаат, што си се на плажа итн.

Последен пат пристанишето е санирано пред цели 16 години, односно во 2006-та година. Во меѓувреме во 2014-та година се појави свлечиште и падна дел од јужната страна на пристаништето, кога и се интервенираше, поради опасноста по луѓето кои се движат на тој простор, бидејќи имаше огромни дупки кои тогаш можеа во секој момент да попуштат.

Пристаништето е како пристаниште безбедно, во смисол да може да се приврзуваат бродови на него, единствена аномалија која што во овој момент ја регистрираме е неговата насипаноста со песок,односно немање на доволна длабочина за пристанување на повеќе бродови. Тие пукнатини што сте ги регистирале, да тие реално постојат, не е од некоја суштинска опасност по животот и здравјето на луѓето или веќе за техниката за бродовите.

Пристаништата не само во Свети Наум, туку сите на ривиерата треба да се санираат на среден или подолг рок бидејќи од забот на времето попушта неговата основа, вели Устијаноски. Поради кризата, годинава министерството за транспорт и врски одвоило пари само за продлабочување на пристаништето во Свети Наум, бидејќи недостасува простор кој е насушно потребен за сите пловила чиј број воопшто не е мал.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста