ПРИШТИНА РАЗГЛЕДУВА НОВИ МЕРКИ ПРОТИВ КОВИД-19, НЕ Е ИСКЛУЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ

Земјите во регионот и Европа се повеќе ги заоструваат мерките поради есенскиот бран на корона вирусот. Косово ги разгледува сите опции за соочување со пандемијата, вклучително и враќањето на порестриктивните мерки кои беа во сила во одреден период од соочувањето со заразата. Не е исклучено и затворање на границите. „ Мерките како што е затворањето на границите, враќањето на здравствениот персонал на граничните премини, ограничувањето на бројот на учесници на разни манифестации, ограничувањето на движењето во областите кои се најпогодени, како и некои други мерки, се разгледуваат и ќе се постапува согласно проценката на епидемиолошката ситуација во земјата“ посочил косовскиот министер за здравство.
Целосното затворање на земјата, според првиот човек на косовското здравство, „сепак останува како последна опција“.