Двајца војници од АРМ позитивни на корона вирусот. Информацијата за Алфа ја потврдија од Министерството за одбрана. Се работи за војник и подофицер кои извршувале работни задачи во гарнизонот во Скопје. Едниот од нив работел како помошен персонал во воениот ресторан во касарната Илинден. Од Армијата смируваат – ресторанот бил дезинфициран.

„Веднаш по сознанието за случајот на војничкиот ресторан извршена е целосна дезинфекција и преземени се сите потребни заштитно здравствено епидемиолошки мерки, а ресторанот ќе биде затворен наредните 24 часа при што на персоналот ќе му биде делен сув оброк“, велат од Министерството за одбрана.

Од Министерството велат дека персоналот кој бил во контакт со заразениот веќе е во домашна изолација, а во кујната од утре ќе работат нови луѓе.

Војниците позитивни на Ковид – 19 неколку денови биле во самоизолација откако членови на нивните семејства се посомневале оти се носители на вирусот, велат надлежните.

Ниту еден од двајцата припадници на Армијата не патувал во странство.

Биљана Божиновска