Принцезата Софија од Шведска се приклучува во борбата против коронавирусот како медицински асистент (Фото)

Принцеза на Шведска реши да се приклучи во борбата со Пандемијата Ковид-19. Сопругата на принцот Карл Филип и мајка на две деца одлучи да стане дел од медицинскиот персонал кој е на првата линија во борбата со вирусот.

Таа откако го помина интензивен тридневниот курс се смести во одделенијата за нега во болница каде заедно со другите ново обучени колеги ќе се грижи за пациентите. Но ќе извршува немедицински задачи.

Портпаролот на болницата во која принцезата ќе работи потврдува дека Софија и другите кои го поминале курсот нема да имаат директен контакт со пациентите, но дека играат многу важна улога.

Инаку, 35-годишната принцеза се смета за олицетворение на памет и убавина. Пред да се омажи за член на шведското кралско семејство, Софија беше модел.

Таа исто така се натпреваруваше во реално шоу, достигнувајќи во финалето, студирала сметководство, глобална етика, наука за деца и млади.

Сега Софија ќе може да додаде „медицински асистент“ на својот список.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста