Пожарот кај Будинарци ставен под контрола

Будинарци ја добија битката против огнената стихија. Рано утринава е локализиран пожарот. На оделни места се уште тлее , но состојбата е под контрола. Над селото се уште има екипи кои ќе внимаваат огнот повторно да се разгори..

  „На лице место кај овој пожар имаме 136пожарникари од Австрија со 52 возила. 43 лица од Словенија со 4протипожарни возила и 25 лица од Бугаријаа со 5возила. ПОкрај ова имаме повеќе од стотина локални пожарникари„-изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК

Најдраматично беше вчера околу 12 до 14 часот кога се појави силен ветер и огнените јазици почна да ги носи кон југ. Густ и црн чад повторно го покрри небото над Берово, а огнот стигна и до резервоарите за вода ..

Пожарот во малешевскиот регион почна да тлее на 2 август и се појави во месноста Бејаз Тепе, а отаму  движејки се кон беровсо-пехчевскиот регион пеплоса над 5000 хектари борова шума. Мештаните реагираат дека беа оставени сами на себе , а со пламените јазици се справуваа пожарникарите кои во регионот се на прво место по најстаро противпожарно возило. Доколку сериозно се сватеше пожарот во делчевско и премиерот од Кочани, веднаш се упатеше кон  нивниот регион стихијата со епски размери навремено ќе се локализираше.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста