Прилепските угостители вината ја лоцираат кај младите и кај слабиот инспекциски надзор што има журки без маски

„Повеќемесчниот карантин и летниот период си го направија своето. Што ако угостителите работат според протоколите, кога граѓаните, а особено младите, жедни за дружење и забава, ги прекршуваат истите?! Тука настанува проблемот“ – вели претседателот на Здружението „Прилепски меанџии“, Јордан Момироски. Тој смета дека инспекциските служби требало да бидат поприсутни на терен.

  • „Тука треба инспекциските служби да си земат малце контрола, да си постават, да си видат. Јас мислам дека во овие кафулиња што се во градов, а и во угостителските објекти, горе-долу се почитуваат мерките. Сега другото, не знам како би било. Секој објект си одговара сам за себе. Не можеме ние како Здружение да заземе став за сите, секој си одговара за себе“, вели Јордан Момироски, претседател на Здружението „Прилепски меанџии“.

Од друга страна, младите прилепчани, свесни се за своето однесување и ја признаваат личната „вина“ за непочитувањето на мерките. Некои од нив дури и сметаат дека повторно требало да се вратат рестриктивните мерки, ако не целосно, тогаш барем делумно.

Според Момироски, изминативе неколку месеци биле исклучително тешки за прилепските угоститетски објекти, кои се 80 на број со преку 700 вработени. Тој смета, доколку државата не им обезбеди финасиска помош и за наредниве два-три месеци, добар дел од угостителите до Нова година ќе биделе принудени да затворат.

  • „Ако оди вака, ако не се даде таа помош, до Нова година, 30-40 % од капацитетите во Прилеп и во Македонија ќе се затворат. Таква е проценката на Групацијата на угостители на Р.М. и се очекува дека сите сега што работат – работат на нешто што се чека…“ – посочува Момироски.

Инаку, големата фама околу работата на угостителските објекти, особено на клубовите, се крена викендов, откако на социјалните мрежи осамнаа видео-записи за големи журки без почитување на заштитините здравствени протоколи.

Каролина Дурло 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста