Прилепските бранители со забелешки за најавениот закон за амнестија

Можната имплементација наЗаконот за амнестија за настаните во Собранието од 27 април, на кој властаинтензивно работи, дополнително ги возмнемири прилепските бранители, инакудиректни учесници во конфликтаната 2001-ва година. Нивната вознемиреностнараснала особено по одлуката – обвинетите за тероризам кои сакаат да бидатамнестирани, самите да си поднесат барања за да бидат амнестирани. Според нив,вакавите барања би значеле и индиректно лично признавање на вина која реално непостоела.

За прилепските бранители овој Закон ималпоинаква позадина од онаа што официјално се презентирала пред јавноста. Тиесметаат дека со него од одговорност сакала да се амнестира, како што велат,нелегитимно избраната власт во Собранието на 27 -ми април.  

Инаку, од вкупно 24.000 македонски бранители,дури една четвртина, односно 6.000 се од Прилеп. Тие, незадоволни оддосегашните политики на актуелната власт, утре ќе излезат и на организиранпротест.

Каролина Дурло