Превозници: Добро е што цените на горивата се намалија, ама не е решение на нашите маки

Цената на горивата се намали, ама тоа не ги решава проблемите на долг рок. Особено не на транспотрерите и такси превозниците од една страна, но од друга – и на самите трговци со горива, односно сопствениците на бензинските пумпи. Едните велат дека жив човек веќе не влегува во такси, оти е скапо, а другите бидејќи власта одлучи без најава и консултација да им го намали ќарот.

Пониски цени на горивата, но до новото поскапување. Граѓаните можат да здивнат, но само за кратко. Согласно усвоените измени на законите за ДДВ и акцизи, цената на бензините ќе се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари. Па така од сега ќе се продава:

ЕУРОСУПЕР БС-95 86,50 денари

ЕУРОСУПЕР БС-98 88,50 денари

ЕУРОДИЗЕЛ 88,00 денари

Екстра лесното масло за домаќинство 83,50 денари

Ваква одлука донесе Регулаторната комисија откако беше усвоен пакетот антикризни мерки за намалување на ДДВ и акцизата.

Но и покрај се, овие мерки ќе немаат никаков ефект, зашто драстичното поскапување на се, на големо им ги „јаде“ парите на граѓаните.

Новите пониски цени на горивата можеби ќе го ублажат ударот од поскапувањата, но тоа нема ни малку да е доволно реагираат граѓаните.

Први на удар се транспортерите, но и такси превозниците. Добар дел од нив размислуваат да ги остават колите и повеќе да не работат, зашто според нив, никој не води сметка за ништо. Велат добро е што цената на горивото малку се намалила, и се надеваат на подобро.

  • Ова што сега малку поефтни е добро, фала му на Бога, но не е доволно, зашто се замина на горе, се поскапе, и не можеме ништо да направиме, жив човек не влегува во возилото, на сите им е скапо, мора државата да направи сериозен исчекор ако сака стварно да ни помогне, велат дел од такси превозниците за Алфа.

И додека граѓаните се бесни од новиот бран поскапувања, од Владата смируваат. Тврдат дека од следната недела ценит ќе се намалеле.

Опозицијата, пак, смета дека за ваквиот ценовен шок е виновна власта со, како што велат, неодговорните политики.

Дека власта води погрешни енергетски политики предупредуваат и трговците со нафта. Дел од нив дури се заканија дека ќе престанат да точат гориво откако Регулаторна без никаква најава ја намали маржата за 33%. Стопанствениците велат дека поради ова работат со загуби, а набавната цена сега е повисока од продажната. Компаниите се лути што власта минимално ја скратила акцизата односно ќарот што го има државата, а максимално удриле по нивното работење.

Борис Грујоски

Advertisements