Претседателски избори во Хрватска- Милановиќ и Грабар Китаровиќ одат во вториот круг

Кандидатот на СДП, Зоран Милановиќ и актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ одат во вториот круг од претседателските избори во Хрватска, по обработени повеќе од 90 отсто од избирачките места.

Милановиќ освоил 29,55 проценти од гласовите, Колинда Грабар-Китаровиќ 26,65 проценти, а на трето место е независниот кандидат Мирослав Шкоро со освоени 24,45 отсто од гласовите.

Другите кандидати се далеку зад тројцата првопласирани, покажуваат резултатите. Во меѓувреме, пребројувањето на гласовите продолжува. Сосема е извесно дека Хрватска новиот претседалте ќе го добие во вториот круг закажан за 5-ти јануари следната година.