Претседателската дебата во САД ја следеле 57,5 милиони тв-гледачи
Претседателската дебата меѓу демократската потпретседател Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп привлекла 57,5 милиони телевизиски гледачи на седум телевизиски мрежи, според прелиминарните податоци на Nilsen објавени во средата.
Телевизиското соочување коешто што се одржа во вторникот вечерта по локално вмее беше прва средба лице в лице на кандидатите за претседателските избори кои ќе се одржат на 5 ноември.
Привлече повеќе гледачи отколку дебатата на Трамп со веќе поранешниот кандидат и актуелен претседател Џо Бајден, која ја следеа околу 51 милион луѓе. По лошиот настап на таа дебата, Бајден под притисок од неговите сопартијци се повлече од изборната трка и ја поддржа номинацијата на Харис.
Бројките за гледаност на Nilsen не ги вклучуваат гледачите кои ја следеле дебатата онлајн и во баровите и рестораните. Конечните податоци што ќе ги вклучи овие податоци ќе бидат објавени подоцна.
Претседателската дебата во 2016 година имаше рекордна гледаност, кога 84 милиони луѓе го следеа соочувањето меѓу демократската кандидатка Хилари Клинтон и републиканскиот кандидат Доналд Трамп, кој подоцна изненадувачки победи на ноемвриските избори.