Претседателот на Судан, прв арапски лидер во посета на Сирија

Претседателот на Судан, Омар ал Башир допатува во Дамаск, што е прва посета на еден арапски лидер на сирискиот главен град од почетокот на конфликтот во оваа блискоисточна земја.

Башир на аеродромот во Дамаск беше пречекан од сирискиот претседател Башар ал Асад.

Сириските државни медиуми јавија дека двајцата лидери разговарале во претседателската палата за развојот на настаните во регионот и во Сирија.

Асад рекол дека Сирија ќе остане посветена на својот „арапски идентитет“ и покрај тоа што земјата обвини некои арапски држави, пред се Саудиска Арабија, дека го поттикнуваат конфликти со вооружување бунтовниците.

Сирија беше исклучена од Арапската лига веднаш по избувнувањето на војната во 2011 година.

Причината за посетата на суданскиот претседател Ал Башир не е позната.