Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Центарот за обука на вода во Охрид
Специјалните сили на Армијата се пример што значи да се биде прв во својата професија. Со зборови на немерлива почит, горда сум што сум командантка на нашите вооружени сили, посакувам да нема потреба да бидат употребени, но знам дека Македонија треба да се чувствува безбедно-истакна претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, која ги посети припадниците на Армијата од Баталјонот на специјални сили. Во армискиот објект за обука на вода како на вистинско бојно поле, припадниците на единицата изведуваа сложени операции и на копно и во вода.
“Посакувам со сите области во владеењето на правото,во развојот на демократијата, во независното судство, во образованието, овие стандарди да ги почитуваме.Ова е пример што значи елита, многу добар пример особено за политичарите.За да бидете дел од елитата треба да поседувате енормна стручност, посветеност и компететност, овде го видовме тоа”-рече Гордана Сиљановска Давкова,претседател на Р.М.
Задолжителното отслуживање воен рок беше укинато пред 20 години како дел од реформите за придвижување на Македонија кон НАТО и градење на професионална армија.Дел од државите од регинот го враќаат редовното отслужување на воен рок,ни началникот на Генераштабот на АРМ Васко Ѓурчиновски смета дека за тоа е потребна темелна анализа и дека не треба да се избврзува.
“Меѓутоа сметам дека нема потреба во моментот да се избрзува за задолжително служење на воениот рок. Времето ќе покаже,но ние не би требале да ги пратиме нема апсолутно никакви опасности ризици по националната безбедност да брзаме, да носиме одлуки како некои земји членки на НАТО алијансата и вон, кои веќе превземаат одредени мерки”-вели Васко Ѓурчиновски, , началникот на Генераштабот на АРМ.
Посетата на најелитната единица во Армијата од страна на нејзиниот врховен командант и претседател на државата е дополнителна мотивација и обрска да продолжиме по вистинскиот пат,истакна Ѓурчиноски
Росица Голабоска