Претседателката Сиљановска-Давкова денеска во 12 часот ќе му го додели мандатот на Мицкоски за состав на новата Влада

Претседателката Сиљановска-Давкова денеска во 12 часот ќе му го додели мандатот на Мицкоски за состав на новата Влада

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во 12 часот ќе го врачи мандатот за состав на Влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Рокот за доставување на мандатот завршува на 7 јуни, откога почнува да течат 20 дена за формирање Влада.

Најавата на претседателката Сиљановска Давкова за доделување на мандатот на Мицкоски доаѓа откако претходно имаше преговори за формирање на Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата ВРЕДИ и колацијата ЗНАМ. Новиот владин кабинет е проектиран со реорганизација на ресорите и ВМРО-ДПМНЕ вчера до Собранието достави предлог законски измени кои веќе се ставени на собраниска седница закажана за утре.

Според Христијан Мицкоски, преговорите за владата се веќе завршени во делот на формирање на владините ресори и во делот на третиот ешалон.

-Очекувам час поскоро да го поднесам составот на членовите на идната влада која ќе биде изгласана пред крајниот рок што е дефиниран согласно закон и Устав, изјави Мицкоски во Собранието по поднесувањето на измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа.

Тој побара поддршка од сите пратеници за законските измени за кои е потребно двотретинско мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ на изборите освои 58 пратеници, Коалицијата „Вреди“  14, а Движењето ЗНАМ шест.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста