Претрес кај тројца полицајци за издавање на службената тајна за случајот со РЕК Битола

Претрес во домовите, автомобилите и на работните места на тројца полицајци за случајот кој го обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ за обидот за изнуда во РЕК Битола.

Тројцата полицајци се повикани и на разговор во полиција, зошто според неофицијални информации, дале информации за новата афера.

Од МВР велат дека лицата се повикани на разговор, а потоа заминале дома.

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапуваа по наредби од судија поради сомнение за сторени кривични дела „оддавање службена тајна“ по член 360, „злоупотреба на државна, службена или воена тајна“ по член 360а и „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ-велат од МВР .

Се повикуваат на разговор луѓе кои не учествувале во аферата за изнуда, но засега барем според инфомациите во јавноста, ниту во МВР, ниту во обвинителството не се повикани лицата кои дирекно се посочени дека можеби сториле криминал. Слично беше и во случајот Мафија кој исто така го објави опозицијата каде биле издавани легални македонски пасоши со туѓ идентитет на светски криминалци. Упасени беа само неколку шалтерски работници, кои без наредба од повисоки инстанци не би можеле да учествуваат во скандалот и да делат патни исправи на нарко босови.

Опозицијата, вчера побара од Обвинителството да ги повика на распит братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев, како и Стојан Чифлигароски, Горан Крстев, Лазе Велковски и Оливер Спасовски, но и да ја прибави целокупната документација за случајот. Од Обвинителството, пак, рекоа дека надлежен обвинител постапува според она што е наведено во известувањето кое го добиле од МВР, а го повикаа Мицкоски да им достави докази доколку има измени во пријавата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој ја обелодни аферата со РЕК Битола, вели дека фирмата Рубитон која го добила регуларно тендерот за ископ на јаловина, трпела притисоци од екс директорот на РЕК Ковачевски. Од споствениците на битолската фирма на три состанци било побарано да дадат дел од набавката на СВ Инвест, фирма блиска до семејството Заеви.

Третиот ден во присуство на сопственикот на компанијата „СВ Инвест“ повторно Васко Ковачевски го повикува еден од двајцата сопственици на компанијата која што ја добива јавната набавка, и вели не 50%, не 75% туку 100% треба да отстапи за тоа што следи референдум и има предвремени потреби и тоа било практично насока од најгоре. И тука завршува третиот состанок-рече Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Потоа откако Рубитон го одбива понудите оти биле не законски, како што вели Мицкоски, им било побарано 250 000 евра кеш да дадат на Вице.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста