Претепаната девојка од Штип нема ниту за леб

Со оброк од народната кујна но на име на мајка си, нашата соговорничка ќе го помине денешиот ден. Девојката која брутално беше претепана од двајцата штипјани оваа храна ќе ја јаде се додека не се вработи. Но без искуство и завршено средно образование, бил одговорот што го добила таму каде што прашала за работа.

месецот го поминува од милостина, а од јуни на сметка ќе и легнуваат 4000 денари социјална помош. Со овие пари тешко ќе може да се прехрани, а уште потешко да ги плати кредитите и заостанатите сметки кои ги наследила по смртта на татко и.

Пред да почине татко и , мајка и е однесена на лекување во душевна болница. Оставена сама на себе, во моментот најголема поддржка е чичо и но и помислата дека ќе може да си ја врати ќерката дадена на згрижување..

Живее во мизерни услови. Во собата каде што спие  нема под. Алиштата ги чува во стар и дотраен шкаф, а фрижидерот наполнет со намирници од хуманитарниот пакет на Црвениот крст одвај се затвора. Кризата никако да помине низ солзи раскажува нашата соговоричка, на која покрај пари и работа, неопходни и се покуќнин и облека.

Александра Ристевска

 

Advertisements

Поврзани вести