Пресушуваат изворите на Шара, потребни се капитални инвестиции, во спротивно ќе бидеме се пожедни

Ако не се преземат сериозни инвестиции со водоснабдителните системи во полошко,ќе останеме без вода.Изворите на Шар планина пресушуваат. Изминативе години,бројот на изворите е намален дури и за 30 %, а издашноста е се помала.Недостигот на доволно вода ќе биде проблем и во иднина,што алармира дека ова мора да биде приоритет на властите за решавање, велат во тетовскиот Центар за јавно здравје.

Една од мерките е правење акумулации, но, морам да нагласам дека загубите на вода, исто до 30 % се и од дотраеност на водоводните системи, тоа се капитални инвестиции.Па сега во ера на предизборие нека размислуваат малку идните кандидатите што им е потребно на населението, секако дека здрава вода и во доволни количини е приоритет – изјави Д-р Ратко Давидоски- Центар за јавно здравје –Тетово.

Проблемот со недостиг на вода не го мачи само Тетово,односно, вода освен на Шара, се помалку има и во низинските места во полошко.

Нивото на водата ни се намалува, сега бараме некои други извори, отворање на бунари во повеќе села во нашата општина, но,сепак, ова е работа кој не може да се спроведе брзо и потребни се проекти и инвестиции – рече Енвер Пајазити градоначалник на општина Брвеница.

Во полошкиот регион, речиси сите општини се соочуваат со проблеми во водоснабдувањето.Некои села, освен што немаат доволно вода, и таа малку што ја добиваат,често е забранета за пиење.Но,проблемот со старите и дотраени водоводни системи-барем досега е нешто што за ниту една локална самоуправа во полошко,освен како ветување пред извори, не е приоритет за решавање.Зелената ДУИ,која и раководи со најголем дел од овие општини,тешко ќе ја оствари агендата ако,како и досега се грижи вака за основното човеково право-пристап до доволно здрава и чиста вода за пиење.

Милена Вучевска