Пресудите за Боки 12 и Катица Јанева ќе бидат обжалени

„Очекувани се пресудите, иако ќе има жалби. Да видиме што ќе каже Апелација“ – изјави Јавната обвинителка Вилма Рускоска по денешната пресуда за предметот „Рекет“

Судот на првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 денеска му изрече казна затвор од девет години, а на второобвинетата Катица Јанева затворска казна од седум години.