Преспанските овоштари во “канџите” на балканските трговци

Голема е побарувачката на пазарот за преспанските јаболка од годинешната реколта, кои имаат добар квалитет. Сепак, експортерите тука со разни откупни комбинаторики, од селектирање по класи, уцени или други техники, откупната цена ја држат пониска до пет денари за килограм, споредено со пазарот во Србија, иако завршуваат на иста дестинација во Русија и Романија, а тукашното јаболко е далеку поквалитетно.

  • Во момоентот, најефтините јаболка се откупувааљт над 30 евроценти во Србија, а кај нас е околу 15 денари и се јавува голема разлика. Јаболката завршуваат на истите пазари и дел одат на рускиот пазар- рече Љубе Пампулевски, претседател на Здружението на овоштари во Ресен.- Мислам дека таа проблематика е од самите трговци и откупувачите, што се однесува до конзумното јаболко- рече Насер Љумани, овоштар од с. Крани.

Кога видоа дека може да се купува поефтино, сега се појавија и другите балкански играчи, овој пат бугарските и преку иста шема, ќе продаваат за Египет.

  • Јасно е дека трговците го собираат кајмакот од продажбата на јаболка и се многу иновативни, корисејќи откуп на две класи. Во моментов имаме побарување и од бугарскиот пазар, а бугарските трговци ги користат истите трикови, па иако има големи побарувања нема пораст на цената- рече Пампулевски.- Со бугарските тргвци немаме искуство и не соработуваме со непознати трговци- рече Љумани.

Во оваа игра на мачка и глушец, овоштарите се во канџите на балканските трговци, а ако се има предвид дека од реколтата со 120. 000 тони, барем половината на консумното јаболко  ќе заврши на странските трпези, тогаш , износот на измолкнатите пари на овоштарите, се брои во милиони евра.

  • Ако во србија се постигнува просечна цена по 19 денари за килограм откупено јаболко, а во македонија достигнува едвај 14- 15 денари и станува збор за истиот пазар за Русија, тогаш се поставува прашање- каде оди разликата помеѓу тие 4-5 денари. Во просек ако се направи една пресметка излегува дека од џепот на преспанските овоштари заминуваат најмалку 2-3 милиони евра. Кој всушност треба да ги заштити?/ ст. ап/.

Огорчени од игрите со земјоделската мака, тие им даваат поддршка на тутунарите во битката со откупот на тутунот и игрите во тобако- бизнисот.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста