Преспа пред неизвесна туристичка сезона

Во пресрет на туристичката сезона, надежите на преспани дека можеби ќе имаат бериќетна туристичка сезона се повеќе секнуваат. Со – 5 метри под нултата кота или само четриесеттина сантиметри повеќе вода од пред пет месеци, Преспанското езеро полека зачмајува со намалени водотеци, запуштени плажи, алги и еден куп диви депонии. При нашата обиколка, уште еднаш се соочивме со овие жални факти. Општината, заради недоразбирања со ресорот Животна средина околу постапките и протоколите што треба да се прави, на Владата и ги врати наменските средства од 84 милиони денари. Ние, минатиот пат тоа го оквалификувавме како пресметка меѓу коалициентите во власта, а драгоценото време пролетва тука нешто да се направи, отиде во неврат. Сега задоцнето, општината сама ќе го спасува она што не може да се спаси.

„Во текот на месец јуни ќе преземеме голема кампања за чистење и уредување, не само на крајбрежието на Преспанското езерот туку на цела општина ќе се чистат 17 диви депонии. Ќе се уредува и брегот на Преспанското езеро, т.е. с`е што е наш домен- патеките и туристичките локалитети. Околу чистењето на самиот брег, немаме ингеренции но со некои институции разговараме што би требало да се направи за да имаме една добра туристичка сезона“, рече градоначалникот Живко Гошаревски.

Од Министерството за животна средина, се уште немаат ништо конкретно кажано што треба да се прави со брегот на езерото, иако цело време велат дека ќе преземат се што е во нивна надлежност. А месец мај речиси помина.

„Свесни сме дека како резултат на климатските промени се случува намалаување на водата во реките и езерата и с`е што е до нас, во соработка со експертските структури ќе се преземе да се подобрат состојбите“, вели Христина Оџаклиеска, заменик министер во овој ресор.

Со овие состојби и околности, нашите оценки се навистина се песимистички.
Покрај хридролошкиот колапс на Преспанското езеро, сами по себе, се мултиплицираат и другите проблеми. Општината 84 милиони денари што и ги додели Владата за интервенции во Преспа, ги врати поради недоразбирање со Министерството за животна средина. Од друга страна, сега во текот на јуни ќе мора сите диви депонии да се чистат, тамам на среде туристичка сезона. Исто така, с`е уште не е деифинирано дали ќе се поставува песок, или каква песок или од каде песок на плажите за да не дојдат во судир со Животна средина или да не се направи некоја еколошка катастрофа. Поради сетот тоа, концесионерите толку се огорчени и толку исплашени зашто не знаат што ќе се случува со нивниот бизнис во оваа туристичка сезона.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста