Преморени од борбата со Ковид-19, медицинските сестри не се откажуваат

Борбата со Ковид-19 ме направи похрабра, но и ми ја промени перцепцијата за животот, вели медицинската сестра во штипската Клиничка болница Мирјана Илич Смилкова,која од вирусот се зарази на работа. На Мегународниот ден на сестрите, реши да ја раскаже својата приказна,за  која претпоставува дека ќе биде мотив за сите нејзини колеги чија задача е први да подадат помош и утеха на пациентите.

Можеби неблагодарно е да се каже, мегутоа ова што се случи со Кови-19 ни дава можност на нас медицински сестри подобо да објасниме што работиме. Да ја објасниме нашата професионалност , да го објасниме нашиот придонес кон доброто здравје и улогата и одговорноста на нас како вработени кои се едни од важнаа алка  во   здравство –изјави Смилкова.

Целата 2020 година е посветена на медицинските сестри , па во тој контекст во наредниот период треба да се работи на валоризација на професијата, смета Смилкова која е и преседателка на ЗДружението на медицински сестри,техничари и акушерки на Штип.  Одливот на медицински сестри во странтво е огромен, а тоа се покажа и во борбата со пандемијата кога голем број на болници се соочија со недостаток од кадар.

Не смеме да дозволиме медицинскисте сестри со средно образование да работат за помалку од 20.000денари, што е факт. Не смееме да дозволиме да немаме бенефициран стаж. Не смее да се дозволи операционите сали да работат со полно работно време, секаде во законот пишува дека тоа е скратено работно време– изјави Смилкова.

Годинава поради пандемијата, Мегународниот ден медицинските сестри ќе го одбележат на своите работни места , со маски, визири, а некој облечени и во скафандери.

Aлександра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста