Премиерот Заев упорно молчи по протекувањето на деталите од португалскиот предлог кои се однесуваат на јазикот

На ден откако беше објавен документот со кој се открива дека можното решение во спорот со Бугарија е бришењето на македонскиот јазик пред 1945 година, првиот дипломат Бујар Османи со двосмислена изјава, ниту потврдува ама ниту пак негира дека токму ова е пазарот на кој се согласиле со бугарските власти. Тврди дека македонскиот јазик бил дел од преговарачката рамка.

Медиумите а не официјално владата го објавија португалскиот предлог во делот за јазикот. Македонија треба да прифати дека македонскиот јазик постои од 1945 година. Според договорот кој беше објавен и е составен од 4 анекси, практично се разјаснува изјавата на португалскатадржавната секретарка за европски прашања, Ана Паула Закаријаш дека македонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот, а ЕУ има разбирање за Бугарија..

Додека во медиумите протекуваат информации за португалскиот предлог премиерот Зоран Заев  два дена молчи за португалскиот шамар, откако најави дека ќе ја испитувал автентичноста на изјавата на Закаријаш.

А португалскиот министер за надворешни Силва кој во Скопје го донесе предлог-решението изрази жалење за изјавата на неговата колешка. Се обиде да ја оправда оти наместо северномакедонски сакала да каже македонски.

„Не можете да очекувате од дипломати и политичари да бидат експерти по лингвистика, не ја поминуваме секоја секунда од секоја минута од секој час, секој ден во употреба на соодветни прецизни термини од научна гледна точка, кога мојата заменичка се осврна на македонскиот јазик таа сакаше да каже македонски јазик“, рече Силва.

Опозицијата повторно побара МНР официјално да реагираат за како што велат срамното негирање на македонскиот јазик од страна на високи државни претставници на Португалија. Изјавата дека македонскиот јазик потекнува од бугарскиот, не претставува ништо друго освен откривање на тајните и заткулисни игри кои Заев ги игра со Бугарија,велат од партијата.

Документот кој е составен од четири анекси предвидува дека на почетокот на првата меѓувладина конференција Македонија и Бугарија треба да дадат унилатерални декларации со кои ќе се обврзат дека нема да се нарушуваат црвените линии и се овозможува продолжување на евроинтегративниот процес.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста