Премиерот Заев поднесе тужба против потпретседателот на ВМРО -ДПМНЕ

Политичката битка за „Рекет“ во судница, Заев го тужи Николовски за прозивање до каде одат пипците на криминалот. Иако премиерот го советуваше својот брат да не тужи политичари самиот поднесол тужба за клевета за изнесени информации од  потпретседателот на опозицијата кога власта е фатена во криминал продолжува со притисоци и закани, заплашување и прогон, а Зоран Заев се заканува со неговото судство, со тужби и притисоци кон опозицијата вели Николовски кој нема намера да се извини затоа што, како што вели има докази за тоа што го зборува.

-Кога власта престанува  да има аргументи, и е фатена во криминал продолжува со притисоци и закани, заплашување и прогон. Кога има недостаток на кредибилитет сака да го изгради со сила, кога губи и уште само 16 дена е премиер и никогаш повеќе, Зоран Заев се заканува со неговото судство, со тужби и притисоци кон опозицијата, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста