Премиерот Мицкоски денеска во Костал: Трета инвестициска фаза од 40-45 милиони евра и 250 вработувања

Премиерот Мицкоски денеска во Костал: Трета инвестициска фаза од 40-45 милиони евра и 250 вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски од Скопје замина во Охрид каде присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија Костал Македонија. Третата фаза на инвестициски циклус на Костал Македонија  во износ од 45 до 50 милиони евра и ќе овозможи најмалку 250 нови работни места до 2028.

Со тоа, вкупната инвестиција на Костал во Македонија ќе надмине 150 милиони евра со околу 1300 работни места. Веќе се реализирани дел од новите вработувања и е донесена дел од потребната опрема за производство.

Проектот е насочен кон вложување во најсофистицирана опрема во сегментот „енергетска електроника” за автомобилска електроника наменета за најновите модели на електрични и плуг-ин хибридни возила на групацијата „Фолксваген“, како и за напредни мехатронски системи за Мерцедес.

Костал во 2023 беше 9ти најголем извозник од Македонија. Компанијата работи веќе 8 години на македонскиот пазар и бележи континуиран развој и раст.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста