Прекин на водоснабдувањето во неколку населени места во Скопје

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека заради чистење и дезифекција на резервоарот во с. Љубин, до 02.10.2020 год. (петок), без водоснабдување ќе останат корисниците од истото село и селата Сарај, Глумово и Матка. Водоснабдувањето ќе биде во прекин во периодот од 09:00 до 13:00 часот. (Општина Сарај). Исто така, поради интервенции на водоводната мрежа, известуваат за следните прекини во водоснабдувањето на ден 01.10.2020 год. (четврток):
– заради исклучување на стара водоводна мрежа на Бул. Киро Глигоров (до Универзитетот ФОН) и заради промена на затворач со пречник 200 мм на истиот булевар (до Бриколаж), со почеток од 09:00 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од Бул. Киро Глигоров, фирмите Офис Плус, Мерцедес, Бриколаж и Нептун, дел од нас. Ќерамидница и дел од ул. Перо Наков. (Општина Гази Баба);
– заради промена на затворачи на водоводна мрежа со пречник 150 мм на ул. Христо Татарчев бр. 14 после Пумпената станица во нас. Кисела Вода,, со почеток од 09:00 часот до завршување на интервенцијата без водоснабдување ќе останат корисниците од подулиците со броевите 14, 16, 17, 19, 20, 21 и 22. (Општина Кисела Вода)

https://www.facebook.com/CUKnaRSM/photos/a.1442559209157303/3362379750508563/?type=3&theater
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста