Преговорите за трговските односи по Брегзит може да завршат без договор

Преговорите за трговските односи меѓу Велика Британија и ЕУ по Брегзит скоро и невозможно е да завршат во рок од четири месеци. Како што велат од официјален Париз, не се исклучува можноста и да не се постигне договор.

Според Мишел Барние – преговарачот на ЕУ , преговорите треба да завршат до крајот на октомври, што е тешко да се постигне, изјави Амели де Моншален – францускиот министер за европски прашања.

Минатиот петок, Барние рече дека британските и европските преговарачи не постигнале „значителен напредок“ во разговорите за односите по Брегзит, обвинувајќи го Лондон дека не ги исполнува условите за напуштање на Европската унија.

Потребно е договорот да се постигне до 31 октомври, а истиот да биде ратификуван до крајот на годината.

Моншален рече дека Комисијата за европски прашања во францускиот Сенат смета дека британскиот премиер Борис Џонсон нема да бара продолжување на терминот 31 декември, кога Велика Британија по 47 години ќе ја напушти целосно Унијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста