Преговорите со банките продолжуваат, владата бара ниска каматна стапка за кредите од унгарскиот заем

Преговорите со банките продолжуваат, владата бара ниска каматна стапка за кредите од унгарскиот заем

Банките се уште пресметуваат колкава камата да предложат за кредидите од унгарскиот заем. По вчерашниот состанок на министерката Димитриевска Кочоска со банкарите, преговорите продолжуваат и викендов. Владата е оптимист дека ќе се постигне договор за камата која ќе биде најповолна за фирмите. Банките според изјавите на владините претставници ја поместиле првичната позиција од стапка 3,25 проценти. Премиерот Мицкоски потврди дека банкарите имаат нова позиција и се разговара за кредитниот ризик за стопанството.

  • Ние сакаме бизнисот да добие што е множно пониска камата стапка. Рековме овие 3,25 проценти ќе ги плаќаме ние како држава. Можеби финансиската состојба на пазарите ќе биде таква да за две три години издадеме еврообврзница за каматна стапка од 1, или 1,5 проценти, па ќе ја земеме, па ќе го вратиме порано кредитот, тоа е наша одлука како Влада. Ние сега преговараме со банките за онаа каматна стапка што ќе ја плаќаат компаните, односно бизнисот, економијата. Нам ни одговара нула, да не плаќаат, да добијат пари, да вложат во својот бизнис, и потоа да креираат нови работни места“ рече Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

По состаноците со банките поединечно министерката за финансии соопшти дека тие се согласуваат на рочноста односно да нудат кредити со рок на отплата до 15 години со грејс период до три години.

Според досега познатото, секоја компанија ќе може да аплицира во банка по избор и потоа Развојната банка ќе трансферира пари до таа одредена банка.

Од бизнис коморите веќе го поздравија потегот на Владата за вбризгување пари во економијата. Тие со нетрпение ги очекуваат парите и порачаа банките да се однесуваат разумно :

  • Провизијата ќе е во рамки на очекувањата на бизнисот, бизнисот има потреба од свежи пари/ Јас соработувам со едните и другите и тврдам дека во делот на банките и бизнисот, си има најпрофесионална структура. Владата има голема одговорност на почеток на мандатот да направи добар потегМислам дека бизнисот овојпат ќе ќари Ние сме тие што треба да ги искористиме средствата на најадекватен начин – и понатаму извозот да остане приоритет број“, додава Азески.
  • Треба да се најде заедничко решение како да се заврши целата работа. Приватниот сектор очекува дека средствата од унгарскиот кредит ќе ги добие преку Развојната банка и комерцијалните банки. Тоа ќе биде стимул за понатамошни инвестиции, развој, нови работни места и креирање на нова додадена вредност,“ рече Трајан Ангелоски – претседател на  ССК (19.11.2024).

Инаку заемот од Унгарија е во висина од 500-тини милиони евра, 250 ќе завршат во општините за капитални проекти, а останатата половина како кредитна линија за бизнисот. Владата повеќе пати бараше од банките, кои пак бележат астрономски профити на нивното конто,  да бидат солидарни и да понудат пониски камати.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста