Преговарачката рамка на 3 јуни, секоја членка може да блокира

Планови и очекувања за почеток на преговорите со ЕУ од страна на Македонија има, но гаранции дека нема повторно  да не блокира некоја земја не. Планови 3, 6, 9, па дури и 18, македонски преговарачки тимови  со Брисел за кои никогаш не разбравме кои се и што работат – јавноста слушаше за различни рамки ама ништо не виде на дело. Османи и денеска спомена преговарачка рамка. Со неа ќе се дефинирал текот, опсегот, структурата, клучните услови… Ќе била презентирана на 3 јуни, но и тука вицепремиерот остави простор за резерва, вели ништо не е договорено се додека се не се договори.

Ова, според Османи, значи дека преговарачката рамка би се усвоила во текот на хрватското Претседателство, а првата меѓувладина конференција би се одржала во текот на германското претседателство, односно во периодот од септември до декември годинава.

Зошто е важно одржување на првата меѓувладина конференција. Таа има и политичко и правно и симболично значење, меѓутоа со тоа се отвора директно оперативно преговарачкиот процес, односно скрининзите. Скрининзите имаат два дела објаснувачки и билатерален. Двата дела земаат по една година. Среќна околност е што ние објаснувачкиот веќе сме го завршиле минатата година со тоа што ни останува само билатералниот скрининг. Во објаснувачкиот скрининг каде илјадници луѓе од наша администрација и од невладините организации беа во Брисел ние слушавме ЕУ презентираше што треба да направиме. Во билатералниот скрининг е обратно, истакна Османи.

Иако вицепремерот вели дека едниот скрининг  процес е завршен, никој никогаш не разбра што е скенирано и какви оценки добила земјава.

Денеска Османи во два наврати беше прашан дали стравува од блокада на Бугарија за почетокот на преговорите за Македонија, тој го избегна одговорот, рече само дека компромисно и мудро треба да постапуваме.

„Ние сме свесни дека правилата на игра во ЕУ се такви. Секоја земја членка може да ги стопира преговорите. Ние не треба да ги менуваме правилата и треба мудро да се однесуваме. Договорот од Преспа и од Бугарија се добра рамка за решавање проблемите. Па така ќе го решиме и овој спор со Бугарија. Очекувам дека овој период ќе го искористиме да разговараме и ќе се обидеме да постигнеме компромис“, истакна Османи.

Македонија се соочуваше со проблеми за добивање на датум со Грција, Франција, Холандија, а сега е се поизвесна рампата  од Бугарија.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста