Прегазени двајца пешаци во Скопје

На 11.06.2020 во 10.30 часот било пријавено дека на ул.„Козле“ во Скопје, патничко моторно возило удрило во пешакот М.С.(50) од Скопје по што го напуштило местото на настанот. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Втората сообраќајна незгода се случила на крстосницата од бул.„Никола Карев“ и влез кон касарната „Илинден“, вчера вечерта автомобил „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Т.(52) од Неготино, удрило во пешакот И.Р.(54) од Скопје. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

И на двете места бил извршен увид од увидни екипи од СВР Скопје и се работи на расчистување на случаите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста