Прегазен малолетник во Јурумлери

На 14.09.2020 во 19.10 часот било пријавено дека на ул.„5“ во с.Јурумлери, скопско, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Е.(38) од с.Долно Количани, скопско, удрило во малолетен пешак од с.Јурумлери.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста