Предупредувачки протест на стопанствениците од Визбегово за асфалтната база која се копа во индустриската зона
Стопанствениците во индустриската зона во Визбегово излегоа на протест. Револтот кулминираше бидејќи општината Чучер – Сандево, на крајот на март, му дозволила на бизнисмен – сопственик на фирма, да гради асфалтна база – односно да ископа дупка во реонот, во која ќе складира асфалт. Околните стопанственици се гневни и велат долго време предупредувале дека евентуалната асфалтна база опасна по здравјето оти со тек на време станува фактор за разни болести – канцер, неплодност, пулмолошки заболувања, органски и неоргански испарувања, а особено затоа што загадува со P2, P5 И P10 честички.
- „Се изнаслушавме глупости од некои консултанти кои работат за нив, голем дел од нив не знаат колкава е штета на топење и опрашување. Не сакаа да ги слушнат нашите објаснува и не сакаа да се консултираат со Градежен факултет“рече Филип Спасовски – Градежен инженер.
Алармираат дека Министерството за животна средина и просторно планирање, не смее да ја издаде интегрираната дозвола А со која практично целосно ќе му се одврзат рацете на инвеститорот, слободно да си гради.
- „Локацијата апсолутно не одговара, на 5 илјади м2 да се обидувате да сместите асвалтна база, каде што знаете дека експлоатација на тоа значи тешка механизација и тешки камиони, што значи дека оваа инфраструктура е изградена од сопствениците и да дојдете да ги загадувате “ рече Таип Јакупи – Здружение на индустриска зона Визбегово.
Алфа побара став и од сопственикот на „Топ Билд“, фирмата која ја гради асфалтната база. Од таму велат дека согласно сите законски прописи за градба, кои вклучуваат и заштита на животната средина, компанијата „Топ Билд“с прибавила правосилно одобрение за градба. Денешниот протест кој ги попречил во работењето, го пријавиле во полицијата.
- „Денешните настани кои го ограничија нашиот пристап до локацијата за која имаме правосилно одобрение за градба предизвикуваат огромни штети за нас како инвеститори, а со тоа се предизвикува и слабеење на националната економија. Компанијата Топ Билд во последно време е мета на црна кампања во која одредени субјекти се служат со манипулативни информации, а овие денешни активности се кулминација на истата“ велат од компанијата.
Во истовреме, стопанствениците ќе продолжат со протести се додека не се стопира или премести градењето на асфалтната база. Дури имаат и предлог за дислокација, со цел да не биде оштетен и инвеститорот.