Предупредувачки протест на КСС за усогласување на платите со минималната плата

Исто барање има и Конфедерацијата на слободни синдикати – да се усогласат сите плати со зголемениот минималец. Денеска излегоа на предупредувачки протест, а доколку ова не вроди со плод најавуваат и генерален штрајк.

Итно усогласување на платите со минималната плата, бараат од Конфедерацијата на слободни синдикати кои попладнево излегоа на предупредувачки протест пред Собранието и Владата. Првиот човек на КСС Благоја Ралповски рече дека со овој протест повторно му даваат шанса на социјалниот дијалог. Според него, решението е едноставно, Владата треба да го покачи бодот за да може да се задржи распонот на разликата меѓу платите на останатите вработени.

  • Денеска од 15:30 до 16:30 се собираме пред Собранието и одиме пред Влада да ја испратиме пораката. Решението е едноставно, Владата треба да го покачи бодот. Тоа може да го направи за половина час, за сите да бидат задоволни, изјави Ралповски на денешниот протест.

Ако нема раст на сите плати, покачување на минималецот ќе биде пораз за сите работници, затоа што само на 10% од работниците ќе им се покачи минималната плата, реагираат синдикатите.

  • Притисокот од членството е многу жесток. Дури ни и замерија зошто уште даваме шанса на ваков социјален дијалог. Нивното барање беше да постапиме исто како СОНК, да влеземе во еден генерален штрајк, а што ќе се случи понатаму ќе направиме анкета помеѓу членството. Знам дека ќе бидат уште порадикални, но ние ќе ги спроведеме нивните барања. Во суштина, ние сме први меѓу еднаквите и мора да го почитуваме ставот на членството, велат синдикатите.

Инаку, од КСС подолг период бараат усогласување на платите со минималецот за да нема ситуации во кои вработени на различни работни позиции и со различен степен на образование да земаат иста плата.

Пред една ндела, во Владата на Економско-социјалниот совет било разговарано за ова прашање, но се пропаднало во вода. Од Владата, пак, порачаа да продолжи социјалниот дијалог и ако е потребно да се отворат колективните договори за да се види дали има можност за усогласување на платите.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста