Предупредувачки бојкот на наставата на дел од учениците против наметната дигитализација

Предурпедувачки бојкот на наставата на дел од учениците во основно образование. Се бојкотира главно во руралните средини, а повеќето се четврто одделенци – во знак на револт кон дигитализацијата на учебниците но и другите реформи кои ги спроведе Министерството за образование од оваа учебна година. Од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ критикуваат дека дигитализацијата се спроведе без Закон, бидејќи законот беше повлечен од Собрание.

08:24 Ова е предупредувачки бојкот, да им дадеме до знаење дека нема да се откажеме, ние треба да се бориме  за правата на нашите деца, мора да дадеме поддршка. Проблем е и Законот за учебници кој што го повлекоа, ние очекуваме дигитализација без закон. Законот е повлечен бидејќи баравме Референдум, премиерот најави дека ќе биде вратен законот во Собрание, со можност за јавна дебата, ама се уште не е вратен. Ние родителите сме големо гласачко тело, мора да сме сослушани од сите страни – изјави Драгана Спасевска.

Министерката за образование, која и покрај барањата на родителите за средба, не се согласи вели дека бојкотот нема да користи никому. Иако јавноста остро реагираше за промените во образованието, тие се случија, а надлежните како да немаа слух за негодувањата на родителите и учениците.

Ниту едно училиште не е затворено заради бојкот. Бојкотот не врши работа на никого, а најмалку е во интерес на учениците. Јас како министерка, и ние како Влада, интензивно се трудиме да обезбедиме образование коешто работи и е во функција на секое дете – изјави Царовска.

По денешниот предупредувачки бојкот, родителите од организацијата која брои 80.000 членови, во недела ќе организираат јавна трибина на која со стручни лица ќе се дебатира за Законот за основно образование и ќе ги изнесат своите барања и предлози за итно менување на Законот.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста