Предстечајна постапка за „Баргала“

Отворена предстечајна постапка за штипскaтa фабрика за чевли „Баргала. Штипскиот Основен суд  донесе решение откако тоа го побара  Синдикатот во име на работниците кои се уште ги чекаат трите заостанати плати.  Именуван е   привремен стечаен управник, а сметката на фабриката е блокирана повеќе од 45дена, информираат  од ССМ.

На должникот Баргала АД Штип му е определена општа забрана за располагање со која му е забрането да располага со имотот без одобрение на стечајниот управник, како и се забранува одредување или спроведување на присилно извршување или обезбедување против должникот“, стои меѓу другото во објавата на  Сојузот на синдикати на Македонија.

 Пред околу еден месец стотина работници добија отказни решенија поради тоа што три дена не се јавиле на работа и покрај тоа што тврдеа дека им било кажано да седат дома и да чекаат повик . Тогаш обвинија дека сопственикот на фабриката ги избркал на подмолен начин , а во време на здравствена криза ги оставил и без здравствено осигурување.

 „На 11 сум била на работа, ме пуштија и ми рекоа дека ќе бидам на повик и вчера ми стигна отказ бидејќи на 16 не сум се јавила, а јас чекам повик. Секогаш е било така, не само сега„ –изјави Македонка Данева, вработена во фабриката Баргала, која за четири месеци треба да оди во пензија.

„Не избркаа како кучиња!Не сме биле три дена на работа. А ние не три дена, три месеци не сме на работа„-изјави Борка Стоиловска

„ Работевме, а плата не ни даваше! Од државата пари земаше, а плата не делеше„ – изјави Љуба Костадинова.

Дека состојбата е загрижувачка потврди и директорката на УЈП Сања Лукаревска посочувајки дека од  извршените контроли утврдени се голем број на неправилности  од енормни размери. Голготата на работниците во Бргала се провлекува неколку години, а работниците се пожалија дека на сметките им била исплатена плата од само 2 денари. 

Aлександра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста