Предновогодишно цвета и бизнисот за изнајмување на викендици

Ковид-статистиките  во Македонија ги бележат најцрните рекорди од почетокот на епидемијата. Со бројот на новозаразени и починати, неколку недели наназад земјава е на врвот помеѓу европските земји. Со оглед на претстојните празници дел од граѓаните стравуваат од уште поголем замав на опасниот вирус.  Но, сепак стравот не е присутен кај сите граѓаните. Голем дел од нив, размислуваат да не си го скратат задоволството и уживањето со пријателите  за новогодишните празници. До крајот на годината  има повеќе од две недели,  а социјалните мрежи се преплавени со  објави и барања, претежно од помладата популација, за изнајмување на  викендици за Нова година.

  • Да не има некој што изјамува викендица за Нова година за 8/10 души за две до три вечери? Или познавате некој што изнајмува?
  • Дали издава некој стан или место за дочек на Нова година? Најмногу 10/12 души и да е местото некаде во Скопје.

Во МВР знаат за овој тренд.. Велат дека според препораките на Комисијата ќе направат проценка за ризик.  Повозрасната популација  новогодишните празници планира да ги помине во домашна атмосфера.

Од туристичките агенции пак велат дека има заинтересираност главно од помладата популација, како за домашните туристички центри, така и за атрактивни локации надвор од Македонија. Најбарани од соседството, се ски- центрите во соседна Србија, а речиси иста е и побарувачката за прослава на Нова година во Турција.

  • Оваа година иако со послаб интензитет, сепак како што почнува месец декември, голем е интересот за патувања. Најмногу граѓаните бараат низ Македонија, тоа се зимските центри, Крушево, Маврово, Берово, Пониква, Пелистер и други, додека исто така интересот, поготово кај помладата популација е за странство поготово Србија и Турција каде што се патува без PCR-тест, за помлади Белград секако тука е Инстамбул како и зимскиот центар Копаоник во Србија. Во цената нема некој поголема разлика поради целата ситуација голем дел од нашите партнери за сместување  имаат ставено пониски цени нормално за да привлече поголем број туристи, така да генерално се патува каде што не се бара  PCR-тест, нормално поради целата финансиска криза која што не зафати оваа година-вели АНГЕЛ ИВАНОВ – ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА BALKAN FUN .

Во домашните туристички центри, цените за нова година се движат од 50 евра по ноќ, а за речиси идентични цени од 50 до 90 евра, се продава целосен аранжман по ноќ во странство.  

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста