Предизборно окрупнување на опозициските партии на Албанците изгледа ќе остане само пуста желба

Трипартиската коалиција на албанската опозиција виси на конец. Алијанса на албанците меѓу два огна,ќе треба ли да бира меѓу БЕСА и Алтернатива?

Од партијата на Касами велат дека начелно тие како партија сакале коалиција само со Алијанса на албанците, но заради обединување на албанскиот фактор прифатиле уште една партија да учествува во предизборната коалиција. Касами вели долго размислувале за тоа, но пресекле дека се согласуваат со предлогот на Села за да не бидат пречка за обединување на албанскиот фактор.

Додека БЕСА пушта ишарет, Алтернатива е песимист дека Касами и Гаши ќе седнат на иста маса. Велат наредниве денови ќе ги финализираат преговорите со Алијанса, но не и со БЕСА.

-Ставот на Алтернатива е дека на предвремените парламентарни избори на 12 април победоносната коалиција е само со Алијанса за албанците, додека приклучувањето на БЕСА е невозможно поради фактот дека 3-4 претставници кои за жал беа и главни актери во рушењето на идеалот на тогашната заедничка партија, вели Скендер Реџепи Зејд.

Од партијата иницијатор за заеднички настап на изборите, односно од Алијансата засега молк, се даваат инфомации како течат преговорите и дали се ставени пред свршен чин да бираат со која партија ќе коалицираат со цел да го урнат Ахмети и интегративците кои пак се убедени во нивната победа на 12 април.

Инаку алијансата за Албанците веднаш по лидерскиот договор изборите да се одржат на 12 април излезе со понуда за предизборна коалиција со Алтернатива и со Беса за ДУИ да ја сместат во опозиција. За Села неприфатлива е соработка само со ДПА на Мендух Тачи, кој пак одлучи сам да оди на изборите, но остави отворена врата за евентуална пост-изборна коалиција но под услов тој да биде вице премиер, а ДУИ да не бидат дел од Владата.

На речиси сто дена пред влада додека албанскиот блок се обединува, македонските партии мируваат. Нема никакви информации дали членови од партии на Павле Трајанов, Лиле Поповска, Љупчо Геогриевски… ќе се најдат на листите на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ, или пак евентуално би се сплотиле заеднички на изборите. Се позивесно е дека сепак ќе се задржи досегашната пракса за пост изборни коалиции.

Мери Ѓорѓиевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста