Предизборни анкети – ВМРО-ДПМНЕ во сериозна предност според „АКСИОС“

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во водство наспроти СДСМ и нивната коалиција – покажува последното истражување направено од институтот АКСИОС. Eдна недела пред локалните избори закажани за 17 октомври  се вжештува битката на терен.

Анкетата извршена на територија на Град Скопје исто така покажува предност и на Данела Арсовска, пред својот против кандидат Петре Шилегов од СДСМ и коалицијата.

Според АКСИОС,  за Арсовска би гласале 18, 9 отсто од анкетираните гласачи, а за Шилегов 13,2 отсто. Трет е Перо Ѓеоргиевски од Левица со 5,4 отсто, четврти Арбен Шаќири од ДОМ и ЛДП со 4,8 отсто, а петта е независната кандидатка  Ана Петровска за која би гласале 4,3 отсто од гласачите.

На прашањето за чиј кандидат ќе гласате на следните локални избори 2021?

28.2% одговориле дека гласот ќе го дадт за  ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата- Создади нова иднина има  28.2 проценти поддршка…. 

За СДСМ и коалицијата- Најдоброто за вашата општина се изјасниле 22.7 проценти.

Коалиција Алијанса на Албанците и Алтернатива  -6.4 проценти…

Следува ДУИ- избери живот гласај зелено со 6% поддршка.

Институтот АКСИОС во периодот од 02.10 до 06.10.2021 година спроведе анализа на јавното мислење на стратифициран примерок во секоја општина и град Скопје.

За истражувањето на рејтингот на политичките партии поврзано со локалните избори е спроведено на примерок од 1345 испитаници на територија на цела земја, а статистичката грешка на анкетата е околу 2 отсто. На последниот ден пред да стапи на сила забраната за објавување анкети, и „Стратум“ објави една поинаква слика за претстојните локални избори. Според оваа анкета,  СДСМ е во предност во однос на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.  26,1% од испитаниците би гласале за кандидати од владејачката коалиција, а ВМРО-ДПМНЕ доби 23,8% од довербата на граѓаните. За ДУИ би гласале 11,6 од испитаниците, а 11,4 за Алијанса за Албанците. Независните листи имаат поддршка од 11,2 проценти. Левица е со 6,7 отсто поддршка, а за Беса се изјасниле 2,87 отсто од анкетираните.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста