Аларм за предизборен поткуп во Шуто Оризари. Жители на оваа скопска општина реагираат дека кандидати за пратеници од Власта незаконски приклучувале улично осветлување во замена за гласови. Сведоци на овие случувања за Алфа откриваат детали но се плашат јавно да зборуваат за тоа пред камера, за да не се соочат со одмазда.

Случајот со струјата според жителите на Шуто Оризари било само врв на она што се случувало периодов, во кој, како што велат, биле употребувани и други методи на поткуп на гласачите во предизборие.
Дека во Шуто Оризари се врши нелегално приклучување на струја, потврди и денешниот билтен на МВР во кој е објавено дека две лица се приведени оти вршеле незаконски приклучок на струја.

Адријана Алексиеска