Предизборен маркетинг, или реално намалување на сметките за струја, граѓаните велат – ова е предизборен поткуп

Сметките за струја ќе останат исти, односно непроменети, но само неколку месеци, по што електричната енергија повторно ќе поскапи. Намалувањето на ДДВ-то од 18% на 5% според граѓаните е обид на власта да манипулира со народот пред избори, зашто од следната година граѓаните ќе плаќаат драстично повисоки сметки за струја.

Граѓаните бараат реално поевтинување од неколку години за да се почувствувал бенефитот, а не вака да се залажувале додека не поминат изборите.

  • Ваквото поевтинување се има врска со изборите, локалните. Тоа е дефинитивно така, зашто еве гледаме дека веќе од следната година, сметките за струја ќе поскапат, а веќе таа по неа година ќе се врати на 18%. Мислам дека ако веќе државата прави за доброто на народот, треба тоа да го направи како што треба, а не тоа да биде само привремено, велат дел од граѓаните пред камерата на Алфа.

Дека поевтинувањто, односно изедначувањто на сметките за струја во овој период е само предизборен маркетинг потврдуваат и енергетските експерти. Според Константин Димитров, ова е привремено решение кое ќе и нанесе уште поголеми штети на енергетиката, а граѓаните секако ќе ја платат поскапата струја.

  • Новата цена на струјата во овој момент е политички маркетинг во пресрет на изборите, а не реално намалување, зашто пониски, односно исти сметки граѓаните ќе плаќаат само оваа година. Користењето на ова е потреба на граѓаните и затоа државата, регулаторот, добро треба да размислат пред да носат какви било одлуки. Државата да посвети повеќе внимание на сите нас. Кредитите ние ќе ги плаќаме со години, и ваквата игранка ќе биде на наш грб, вели вели за Алфа енергетскиот експерт Константин Димитров.

Намаленото ДДВ ќе биде 5% до први јули 2022 година, потоа ќе се искачи на 10%, а во 2023 ќе се врати на 18%.

Министерството за финансии како предлагач на измените не интервернираше законското решение за намалувањето на ДДВ-то да важи од први јули како што беше ветено. Тоа значи дека се додека намаленото ДДВ не се објави во Службен весник, граѓаните ќе платат поскапа струја за цели 12,3%. Инаку, со 83 гласа „За“, и без ниту еден против, помина Законот во Собрание.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста