Празниците – ризик за ширење на ковид, матичните во Охрид пишувале и до 200 упати дневно за болничко лекување

Италијанските власти не ги признаваат корона тестовите кои се прават кај нас, оти Македонија е земја со висок ризик-сведочатнашинците кои долги години живеат и печалат во различни провинции во Италија.Тие раскажуваат дека токму од оваа причина, голем дел од младите во последен момент се откажале празнично да патуваат дома, иако веќе купиле билети.

По враќањето во Италија ќе мора да одиме во задолжителен каратин дури и ако поседуваме негативен корона тест-велат нашите соговорници. Сепак,ваквата ситуација не ја спречи постарата популација во сред пандемија да се врати во родната грутка. Нивна крајна дестинација, најчесто е Струга.

Но,никој не знае колкава е точната бројка на печалбари кои се вратија во нашите краишта, зголемувајќи ја опасноста од ширење на опасниот вирус.Од средината месец декември па се до денес,за влез во земјава граничниот премин Ќафасан дневно го користат од 2.500 до 3.000 патници и возила кои доаѓаат од западно европските земји,но оваа бројка воошто не е релевантна, велат од таму, бидејќи поради полицискиот час во Албанија,печалбарите годинава доаѓаат преку граничниот премин Табановце.

Доаѓањето на печалбарите секако дека влијае врз зголемување на бројот на заболени и ширење на заразата-вели директорот на струшката општа болница,кој очекува до крајот на овој месец да се евидентираат далеку повеќе позитивни случаи на ковид -19.

  • Пошто ние секако во болницата имаме пациенти од тие што се вратени од по Европа што резултира дека се позитивни.Така што самите комуникации меѓу фамилиите секако дека е голем ризик и ние апелираме до граѓаните да внимаваат во тој дел. – вели Мухамед Асани – директор на општа болница Струга.

Во струшката општа болница, веќе се хоспитализирани печалбари кои дошле од Швајцарија. Заразените со опасниот вирус ќе се хоспитализираат и во монтираната модуларна болница во Струга која ќе биде ставена во функција за десетина дена.

Ваков тип монтажна болница ќе има и во Охрид,но кон крајот на овој месец. Во охридската општа болница во моментов се хоспитализирани 60-тина пациенти, од кои 40 се на кислородна поддршка. Директорот на болницата со апел до граѓаните, да ги почитуваат препораките за време на празничните денови кои допрва следуваат.

  • Да, реално сум уплашен дека народот нема да ги почитува тие мерки, тие препораки и сум уплашен.А сето тоа што не ќе се почитува, општата болница Охрид го трпи најголемиот товар. – изјави д-р Горан Балев, директор на општа болница Охрид.

Матичните лекари да бидат достапни за пациентите и стого да се придржуваат до протоколите во кои е пропишано во кој момент заразените се упатуваат во болница,апелираат докторите од охридската општа болница,укажувајќи дека извесен период добивале и над 200 упати од матичните лекари за хоспитализација на пациенти.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста