Празниците го направија своето – расте бројот на заразени во Тетово

После новогодишните празници расте бројот на заболени од ковид во Тетово.Амбуланстки прегледи има се повеќе, но речиси сите пациенти се со полесна клиничка слика.Се хоспитализираат само потешките случаи,кои освен позитивен тест на корона, имаат и хронични болести.

Во  рок од 24 часа се прават 60-70 амбулантски прегледи,повеќето се со полесна клиничка слика.Хоспитализирани на инфективно се моментално седум пациенти, сите на кислородна поддршка – изјави Д-р Хасан Илјази- Клиничка болница Тетово.                                                

Омикронот за среќа дава полесни симптоми, но граѓаните во никој случај не треба да се опуштаат, оти борбата со пандемијата, сеуште не е завршена, велат лекарите.За секој симптом, мора да се контактира матичен лекар и да се изолира пациентот, оти вирусот се шири и пренесува лесно.

Ништо не е завршено,не можеме да кажеме дали ќе биде подобро или полошо, треба да бидеме подготвени на се – изјави- Д-р Хасан Илјази- Клиничка болница Тетово .                                               

Во тетовскиот ковид центар, засега пациенти се примаат само на инфективното одделение, но подготвени се и два ката од интерното, во случај бројката на заразени да расте.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста